Последен ден од референдумот во Донбас

Сподели со своите пријатели

Денеска е последниот ден од гласањето на референдумот за припојување кон Русија за жителите на самопрогласените републики Доњецк и Луганск, како и на регионите Херсон и Запорожје, пренесува руски ТАСС.

Loading...

Вторник, 27 септември, е последниот ден на гласање и единственото време кога ќе се гласа на стационарни избирачки места.

Избирачкиот одбор во последните четири дена собираше гласови на терен.

Во понеделникот вечерта излезеноста на референдумот беше 86,89 отсто во Доњецк, 83,61 отсто во Луганск, 63,58 отсто во Херсон и 66,43 отсто во Запорожје, се наведува.

Градоначалникот на Доњецк тврди: Украинските сили ги тероризираат цивилите додека трае референдумот

Како што пишува руската ТАСС, градоначалникот на Доњецк Алексеј Кулемзин вчера изјави дека украинските сили тероризирале цивили во Доњецк и дека во градот во првите три дена од референдумот биле регистрирани 115 украински напади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: На Зеленски не се потребни граѓаните на Украина

– Во последните три дена имаше 115 напади на градот Доњецк. Овие терористички акти извршени од украински милитанти врз граѓаните станаа секојдневие. Пет од деветте градски окрузи моментално се под оган од украинската армија – изјави Кулемзин за телевизискиот канал „Россија-24“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.