Посебен сообраќаен режим поради посетата на Иванов во Пелинце

Сподели со своите пријатели

По повод одбележување на националниот празник „Илинден“, на 2 август во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце ќе биде одржана традиционална прослава з аодбележување на 72-годишнина од Првото заседание на АСНОМ, на која манифестација на присутните ќе им се обрати Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

На манифестацијата чиј почекот е закажан за 11 часот, се очекува присуство на граѓани од сите делови на Република Македонија. Порати тоа СВР Куманово преку соопштение се обраќа до граѓаните кои имаат намера да присуствуваат на прославата.

Во нивното соопштение се препорачува:

Сите граѓани во Меморијалниот центар во селото Пелинце, да пристигнат најдоцна до 10 часот, бидејќи поради пристинување на ВИП гостите ќе биде применето посебен сообраќаен режим во сообраќајот со запирање на сите моторни возила на магистралниот од Крива Паланка кон Куманово и пропуштање на службените возила со првенство на минување.

Заради безбедно одвивање на сообраќајотсите учесници да се придржуваат до сообраајните правила и прописи.

Поради високите температури во овој период од годината апелираме до граѓаните што ќе присуствуваат во Меморијалниот центар да ги преземат сите превентивни мерки заради спречување на евентуално настанување на пожари.

СВР Куманово го честита празникот на сите граѓани на Република Македонија и воедно ги повикува на заедничка традиционална прослава во Меморијалниот центар „АСНОМ“.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.