Портпаролот на Џонсон: Тешко до договор со ЕУ до петок

Сподели со своите пријатели

Преговарачите од Велика Британија се уште се обидуваат да го надминат јазот со Европската унија, но најверојатен исход е дека до крајот на транзицискиот период нема да се постигне трговски договор, изјави денеска портпаролот на премиерот Борис Џонсон.

Loading...

Британските медиуми ја цитираат неговата изјава дека преговарачите и ноќеска работеле до доцна во ноќта и дека утринава ги продолжиле разговорите.

-Преговарачите ќе останат во Брисел за да ги завршат сите преостанати несогласувања. Трговскиот однос на Австралија со ЕУ најверојатно ќе биде исходот од преговорите, поради што се подготвуваме за тоа, но остануваме посветени на постигнување договор за слободна трговија, доколку е тој можен, додаде портпаролот на британската Влада.

Австралија нема договор за трговија со ЕУ и трговијата се одвива според правилата на Светската трговска организација.

Двајца високи дипломати на ЕУ денеска изјавија дека не очекуваат до петок да се постигне договор со Велика Британија.

Сашко Димевски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *