Портокалова фаза во целата држава, од утревечер врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од југоисточен правец.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе се движи од 14 до 22, а максималната од 35 до 41 степен. УВ индексот ќе биде висок со коефициент 9.

Денеска  насекаде, а во среда само во јужните делови ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење.

Во среда кон крајот на денот и во четврток на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Од четврток температурата ќе опадне за 5 до 8 степени, најпрвин во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.

Leave a Reply