Пороен дожд, грмежи, ветер и град

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите повторно ќе бидат поинтензивни, и со услови во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималните температури ќе бидат во интервал од 9 до 17, додека максималните ќе се движат од 23 до 30 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време проследено со грмежи и врнежи, претежно во попладневните часови. Максималната температура ќе достигне 26 степени целзиусови.

Од петок под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на претежно сончево и потопло време со значителен пораст на температурите. Локално во попладневните часови ќе има пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.

Leave a Reply