Пораснаа акциите на европските берзи

Сподели со своите пријатели

По новите податоци за инфлацијата, се интензивираа шпекулациите дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да следи во мај следната година.

Loading...

Пазарот беше поддржан и од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на Target и оптимистичките прогнози на синџирот во однос на претстојните празнични трошоци.

Цената на акцијата на Таргет скокна за повеќе од 17 отсто, а пораснаа и цените на акциите на другите малопродажни синџири.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи.

Лондонски FTSE индекс зајакна 0,62 отсто, на 7.486 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,86 отсто, на 15.748 поени, а париски CAC 0,33 отсто, на 7.209 поени.