Поранешната жена на Џеф Безос доби 37 милијарди долари од разводот со него

Сподели со своите пријатели

Мекензи Безос, поранешната жена на основачот и сопственик на Амазон, Џеф Безос, ќе донира половина од своето богатство од 37 милијарди долари во хуманитарни цели, пишува Дејли мејл.

Loading...

Овие пари ги доби по разводот од својот сопруг, а веста за донацијата ја воодушеви светската јавност.

Безос ги откри плановите за колонизација на Месечината

Минатата недела таа потпишала договор за донирање на половина од своето богатство. Овој процес ќе ја спроведува организација која работи со најбогатите луѓе во светот, а преку која тие донираат половина или поголем дел од своето богатство.

Слично направија и Бил и Мелис Гејтс, но најбогатиот човек на светот Џеф Безос, не постапи на ист начин.

Во ветувањето кое го даде минатата недела, Мекензи рекла дека има огромна количина на пари која би ја поделила.

Безос за еден час заработува 11 милиони, а неговите работници 12 долари

– Секој од нас доаѓа со подароци кои сака да ги подели, а кои ги добил под низа влијанија кои никогаш не можеме во целост да ги разбереме. Покрај тоа каков беше животот кон мене, имам непропорцијално количество пари кои би ги поделиле. Мојот пристап до филантропијата и натаму ќе биде дарежлив. Ќе ми треба повеќе време, труд и грижа, но нема да чекам. Ќе продолжам така се додека сефот не се испразни, напишала таа.

Loading...

Мекензи во процесот за развод добила 25 отсто од својот и заедничниот удел на Џеф во Аамззон. Тоа е помалку од 50 отсто на кои имала право, а на својот поранешен маж му го дала правото на глас во компанијата.

Најбогатиот човек во светот донирал многу малку за сиромашните

Таа јавно не зборувала за разводот, освен изјавата дека и олеснило што конечно е се решено. Исто така не ги коментирала околностите на нивниот развод.

Парот се разведе кога сопругата дознала за врската со Лорен Санчез, омажена тв водителка, информација која доспеа во јавноста.

Фото: Јутјуб принтскрин CBS This Morning

Leave a Reply