13.09.2018 02:41

Безос за еден час заработува 11 милиони, а неговите работници 12 долари


Џеф Безос, основачот и генерален директор на „Амазон“, една од најголемите компании на пазарот, е многу богат човек, а тоа на сите веќе им е јасно. Но, колку се длабоки џебовите на неговите вработени истражувале новинарите на „Раша тудеј“.

Минатата недела, гигантот за интернет продажба „Амазон“, стана втората фирма во светот чија пазарна вредност надмина билион долари, додавајќи 434 милијарди кон својата вредност.

Првиот човек, Безос, во текот на 2018 година, своето богатство го зголеми за 67 милијарди, што значи дека сега, според Блумберг, „тежи“ 167 милијарди долари.

Со проста математика, се доаѓа до податокот дека Безос, кој остварил 67 милијарди за 250 дена од годинава, заработувал по 268 милиони долари дневно, односно, неверојатни 11.166.666 долари на час, наведува РТ.

Компанија на Џеф Безос изврши пробен лет на ракета

Бројката е скоро милион пати поголема од просечната заработна на вработените во „Амазон“, а тоа е од 12 до 15 долари за еден час.

Како што наведува сајтот „Пејскејл“, платите во „Амазон“ на годишно ниво се движат од 58.703 до 146.455 долари.

Вработените со титулата „Chief Creative Officer“ (главни креативци, во слободен превод), заработуваат најмногу 360.000 долари.

Оние кои работат на позицијата „Picker“ остваруваат најмал годишен приход од само 25.944 долари, односно 12 долари за час.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments