Најбогатиот човек во светот донирал многу малку за сиромашните

Сподели со своите пријатели

Сопственикот на Амазон и моментално најбогат човек на планетата Џеф Безос (55) во добротворни цели донирал само 0,0906 отсто од своето богатство па така доста заостанува зад најголемите американски добротворци, како сопствениците на Мајкрософ, Мелинда и Бил Гејтс, кои издвојуваат 37 отсто и Ворен Бафет кој дава 36 отсто за сиромашните.

Loading...

Сопственикот на Фејсбук Марк Зукерберг и неговата сопруга Присила Чен даваат четири отсто, а дури и Трамп донирал три проценти од своето богатство проценето на три милијарди долари.

Јавно достапните податоци покажуваат дека Безос за добротворни цели издвоил 145 милиони долари.

Кон почетокот на месецот, Безос кој управува со копмпанијата за истражување на вселената „Блу ориџин“, а сопственик е и на весникот Вашингтон пост, на Твитер објави дека се разведува од сопругата Мекензи по 25 години брак.

Бидејќи немаат предбрачен договор, разводот на Мекензи Безос би можел да и ја донесе титулата најбогата жена во светот, ако добие половина од неговото царство.

Родителите на Безос во 2000 година ја основа фондацијата „Безос и семејството“, но до 2017 година синот Џеф учествувал со само шест милиони долари. Во компанијата Амазон работниците немаат субвенционирани оброци. Амазон го критикуваат и во Сиетл каде е главната канцеларија, дека многу малку прават за растечкиот број бездомници.

Изгледа дека Безос во последно време настојува да биде дарежлив па дал 33 милиони долари во Фонто за стипендирање на „сонувачи“ како ги нарекуваат децата имигранти без документи кои имаат законски пречки да одат на училиште. Донирал и 10 милиони во групата „Со чест“ која им помага на ветераните да влезат во политиката, а дал и 100 милиони на здруженија за бездомници.

Го формирал и „Bezos Day One Fund“ кој ќе обезбеди помош на семејствата на бездомниците и ќе отвори училишта во заедници каде живеат семејства со ниските приходи.

Loading...

Безос кој има куќи во Сиетл, Тексас и Беверли Хилс, дал иницијално ветување за две милијарди долари за филантропски фонд. Иако сумата е импресивна, тоа е само 1,2 отсто од неговото богатство.

Leave a Reply