Поранешен американски разузнавач: „Постојат многу повеќе докази за НЛО отколку што е познато“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поранешниот директор на американската национална разузнавачка служба, Џон Ратклиф, на некаков шокантен начин откри колку всушност американската влада знае за неидентификувани летачки објекти (НЛО), и што видел светот, а што не.

Loading...

– Сега има извештај што треба да го објават Пентагон, секретарот за одбрана и директорот на националната разузнавачка служба. Лично, сакав претходно да ги објавам тие информации во јавноста, но не можевме да ги откриеме пред да ја напуштам службата“, рече Ратклиф како гостин на американската телевизија Фокс.

Како што вели тој, има многу повеќе докази за НЛО отколку што е познато во јавноста.

„Кога зборуваме за сведоштва, зборуваме за предмети видени од американски воени пилоти или снимени од сателити кои вршат дејства што е тешко да се објасни, движења кои тешко се повторуваат и за кои немаме технологија и кои се движат со брзина на звукот без да го скршат звучниот ѕид“, објасни тој.

Тој нагласува дека има „значителен број“ од такви снимки, дека информациите сè уште се собираат и дека ќе бидат објавени за да може секој американски граѓанин да ги види.

„Кога ги забележуваме овие објекти, секогаш бараме некое рационално објаснување. Понекогаш се прашуваме дали нашите противници имаат понапредна технологија од нас. Сепак, има случаи за кои немаме соодветно објаснување. Кога тие информации ќе станат јавни, ќе можам да зборувам повеќе за тоа“, Рече Ратклиф.

Тој додаде дека такви објекти се забележани низ целиот свет, како и дека „би било здраво што повеќе такви информации да бидат објавени во јавноста“.

 

Loading...

https://youtu.be/Dei1z8PIpnU

Leave a Reply