„Порака наша“ одбележа девет години успешно постоење (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Дневниот центар за престој на лицата со интелектуална попреченост „Порака наша“ денеска во просториите на Умтеничката галерија одбележа девет години успешно постоење, а воедно свеченоста претставуваше увертира во одбележување на 3-ти декември, светскиот Ден на лица со интелектуална пореченост.

Loading...

[huge_it_gallery id=”239″]

Денеска кога нашите корисници продаваат венисци, готват, глумат, цртаат, резбат, со гордост можеме да кажеме дека „Пораката наша“ се претвори во заитригираност ваша – велат од „Порака наша“.

Во дневниот центар престојуваат лица од различни возрасти кои имаат пречки во интелектуалниот развој, а праку работата со волонтерите се помага во нивно активно вклучување во општествениот живот.

Емилија Цветковска, секретар на „Порака наша“ истакна дека во моменти кога еден родител ќе дознае дека со неговото дете нешто не е во ред, помошта и поддршката се од непроценливо значење.

Здружението „Порака наша“ нека биде ваше место. Место кое нуди помош, подрпшка и љубов за сите кои ја бараат и имаат потреба од него. Таму каде здравиот припѓа на болниот, силниот на слабиот, таму се создава подобар и поправеден свет – истакна Цветковска.

На денешната манифестација можеше да се донира за организацијата, но исто така можепе да се купат производи изработени од страна на корисниците на дневниот центар и нивните волонтери, а со тоа директно да се помогне за опстојување на самата организација.

Гост беше и градоначалникот на општина Куманвоо, Зоран Дамјановски кој истакна дека со сите сили општината во иднина ќе се залага за поголема помош на оваа организација, затоа што во момент кога ресорните министерства не даваат ниаккви средства, сета помош од општината е од витално значење.

Јас во мојата политичка кариера, се вклучувам активно во помагањето, но не доволно, затоа што ова што го даваме не е доволно. Знаеме дека бројот на лица со пречки во развојот е растеглив, некои со поголем некои со помал хендикеп, но во секојс лучај таа бројка е над стотици и за сето ова треба многу внимание, трпение и упорности.

Loading...

Здружението порака наша на скромен начин со призанија им се заблагодари на сите оние кои помагаа во измиантите девет години за успешното работење на оваа организација.