Поради овој телефон Samsung Galaxy S9 би можел да изгледа застарен уште пред да излезе

Сподели со своите пријатели

Кинескиот произведувач на телефони Xiaomi направил импресивен маркетинг трик кога во 2016. година го лансирал првиот телефон кој имал дисплеј од работ до работ – Mi Mix. Година дена подоцна, компанијта го претсптави и наследникот, моделот Mi Mix 2.

Меѓутоа, телефонот и натаму имаше голема долна рамка. Со други зборови, тоа не беше телефон без работи кои сите го сакаа, како што ниту „iPhone X“ не е целиот екран.

Но, изгледа дека Xiaomi открил како во целост да ги елиминира работие на телефонот и целата предна страна да ја претвори во дисплеј судејќи според фотографиите на моделот Mi Mix 2S кои се најдоа на интернет.

Како што се гледа на фотографијата, телефонот изгледа прилично возбудливо, иако информацијата не е официјално потврдена.

 

Loading...

 

Начинот на кој компанијата успеала да ја прошири површината на екранот било поместување на предната камера во горниот десен агол, а резултатот е телефон кој скоро целиот е дисплеј.

Иако не е потврдена автентичноста на фотографиите, xda-developers успеале да дојдат до firmware телефонот, што е доволно да се потврди дека истиот навистина постои.

Податоците откриваат дека телефонот поседува Snapdragon 845 процесор, 4.300mAH батерија и работи на Android 8.

Екранот има однос 18:9 и FULL HD резолуција (2160х1080).

Деталите за камерите не се познати, но firmware укажува на сензори од компанијата Sony.


Leave a Reply