Поради климатските промени во опасност археолошките наоѓалишта на Гренланд

Сподели со своите пријатели

Климатските промени не претставуваат само опасност за екосистемите на Гренланд, туку претставуваат опасност и за историјат,а затоа што глобалното затоплување влијае на археолоштите остатоци, покажува студија објавена овој месец.

Loading...

Постојат над 180.000 археолошки наоѓалишта ширум Арктикот, од кои некои датираат илјадници години, а претходно биле заштитени од карактеристиките на тлото.

На Гренланд откриени 50 нови езера

– Поради тоа што брзината на разградувањето директно е контролирана температурата на тлото и задржување на влагата, растечките температури на воздухот и промените во врнежите во текот на сезоната без мраз можат да доведат до губиток на органските клучни елементи како што се археолошкото дрво, коска и древна ДНК, стои во извештајот објавен во научното списание „Nature“.

Тимот кој стои зад оваа студија, под водство на Јорген Холесен, истражува седум различни локации околу огромното Арктичко подарчје Нук од 2016 година.

Покрај органските елементи, како што се коса, перки, школки и траги месо, на некои места се наоѓаат и рушевини од викиншки населби.

Поради климатските промени Гренланд би можел да извезува песок

Проекциите користени во студијат,а кои се базираат на ралзични сценарија на затоплување, предвидуваат дека просечната температура би можела да се зголеми до 2,6 степени, што би довело до покачени температури на тлото, долж сезоната на одмрзнување и зголемена микробна активност во органиските слоеви.

Loading...

– Нашите резултати покажуваат дека 30 до 70 отсто од археолошката фракција на органски јаглерод би можел да ичезне во следните 80 години, рекол Холсен за АФП.

Тоа значи дека овие остатоци, од кои некои пружаат единствен увид во животот на првит ежители на Гренланд од околу 2.500 години пред Исус Христос, се во оапсност.

Мразот на Гренланд се топи побрзо од очекуваното

Кога ги споредиле своите наоди со претходните истражувања на локациите, пронашле докази за деградација која веќе била во тек.

– На некои локации не сме пронашле ниту една недопрена коска или парче дрво, што укажува на тоа дека тие се распаднале во последните неколку децении, рекол Холсен.

Тој додал дека микроорганизмите се расложуваат на остатоци од органски материјал, но дека нивната активност може да се успори ако се зголемат врнежите.

Како би изгледал светот ако се стопи целиот мраз?

– Повеќе врнежи би биле добра работа, додека во спротивно, недостатокот на врнежи би можел да биде фатален, рекол тој објаснувајќи дека „ако органските слоеви останат влажни, ќе има помалку кислород за микробите кои ќе ги деградираат органските материјали“.

Loading...

Во другите арктички региони, како Ањаска, стотици древни артефакти неодамна се појавија како пермафрост, слој на земја замрзнат во текот на целата година, а се топи со растењето на температурите.

Image by Rolf Johansson from Pixabay

Leave a Reply