На Гренланд откриени 50 нови езера

Сподели со своите пријатели

Научниците под мразот на Гернланд откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело само за четири.

Loading...

Антарктик под мразот крие 470 езера, но најновите истражувања на американските и британски научници укажуваат на тоа дека ги има и во северната поларна регија, пишува ВВС.

Тие не се толку големи, како на пример Восток кое се наоѓа на Јужниот пол и е долго 250 километри. Најголемото субглацијално езеро на Гренланд е долго само шест километри, а новооткриените езера се наоѓаат под ледена покривка дебела неколку километри.

Image by Bernd Hildebrandt from Pixabay

Притисокот и геотремалната топлина успеваат да ја одржат водата во течна агрегатна состојба, а водата се создала со топење и се задржува само во шуплините. При се поголемите температури мразот се топи и тргнува кон океаните, а водата го олеснува поместувањето на мразот. Кога целиот гренландски мраз би се стопил, висината на океанот би пораснала за седум метри.

Џејд боулин од Универзитетот во Ланкастер поручила и прегледала 570.000 километри ледена покривка благодарение на податоците собрани од радарот во рамките на програмата на НАСА.

Научниците на американската вселенска агенција редовно ја надгледуваат ледената плоча за да мапираат форми на карпи и нивната внатрешност. Нивните податоци укажуваат на тоа дека под ледената плоча има многу вода.

Loading...

Боулинг во текот на истражувањето открила дека постојат 54 езера и дека, за разлика од оние антарктички групирани околу внатрешните ледени делови, новите гренландски езера претежно се наоѓаат при крајот на ледената покривка која е стабилна и споро се движи.

– Тие се и значително помали од оние на Антарктикот (1,4 километри просечна должина), рекла за ВВС.

Боулинг вели дека од неколку места се гледа дека мразот „паднал“, но дека тоа е веројатно затоа што тие делови од езерото се исушени.

– Овие активни езера кои се полнат и празнат, резултираат со подигање и спуштање на мразот, вели коавторот на истражувањето Стивен Ливингстоун, па појаснува дека водат аод езерата влијае на сезонски канали и дека рабовите на ледената покривка се многу динамично подрачје.

Image by Rolf Johansson from Pixabay

Истражувањата се планирани на бројни езера на Антарктикот. Се верува дека во овие стари езера се наоѓаат древни организми кои долго биле заробени под дебелиот слој мраз. Хемискиот состав на водата и седиментот би требало да донесат нови податоци за временските услови на Земјата.

Професорот Мартин Сигерт од лондонскиот Имеријал колеџ го водел истражувањето на антарктичкото езеро Елсворт.

Loading...

– Со оглед на тоа дека ледената покривка значително се променила во последниот циклус на Ледениот период, овие гренландски езера најверојатно не се премногу стари. Тоа значи дека одговорите кои можеме да ги добиеме со истражувањето на езерата Восток или Елсворт се разликуваат од оние кои би ги добиле со дупчење на Гренланд, рекол Сигерт.

Image by Rolf Johansson from Pixabay

Leave a Reply