Поради климатските промени цели региони ќе станат непогодни за живеење

Сподели со своите пријатели

Зголемениот број временски непогоди, кои принудуваат милиони луѓе да мигрираат, е една од главните причини за шверцот на луѓе денес, се наведува во извештајот на ОН, кој исто така предупредува на ризиците од војната во Украина.

Loading...

Климатските промени ја зголемуваат ранливоста на трговијата со луѓе, според истражувањето на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC), врз основа на податоци собрани во 141 земја во периодот од 2017 до 2020 година и анализа на 800 судски случаи.

Со текот на времето, „цели региони ќе станат непогодни за живеење“, што „несразмерно“ ги погодува сиромашните заедници кои живеат главно од земјоделство или риболов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјата продолжува да руши рекорди: Ова беше најтоплиот април досега

Луѓето се оставени „без средства за живот и се принудени да ги напуштат своите заедници“, станувајќи лесен плен за шверцерите, им објасни на новинарите Фабрицио Сарика, неговиот главен автор пред објавувањето на извештајот.

Само во 2021 година, климатските катастрофи предизвикаа внатрешно раселување на повеќе од 23,7 милиони луѓе, додека многу други мораа да заминат во странство.

Во извештајот како пример се наведуваат тајфуните на Филипините и Бангладеш, каде често се случуваат циклони и бури.

Во тие две земји има зголемување на шверцот со луѓе, на пример организирање на „големи кампањи за вработување“ со цел да се намамат најсиромашните на принудна работа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјата продолжува да руши рекорди: Ова беше најтоплиот април досега

Гана, жртва на суши и поплави, како и Карибите, цел на урагани и подигање на нивото на морето, исто така се на фронтот.

Loading...

Војни и пандемии

Вооружените конфликти го фаворизираат и шверцот со луѓе.

Иако Африка е најпогодена од вооружените конфликти, агенцијата на ОН предупредува и на потенцијално „опасна“ ситуација во Украина, поздравувајќи ги мерките што ги воведоа земјите-членки на ЕУ за прием и заштита на милиони бегалци.

– Кога станува збор за Украина, на пример, не само што мораме да им помогнеме на соседните земји, туку и да ја зголемиме поддршката за властите на таа земја, рече Илиас Шацис, шеф на Одделот за трговија со луѓе и мигранти во УНОДЦ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјата продолжува да руши рекорди: Ова беше најтоплиот април досега

За прв пат од 2003 година, бројот на жртви во светот во 2020 година падна за 11 отсто во споредба со претходната година.

Пандемијата од КOVID-19 ги ограничи капацитетите за откривање случаи, особено во Азија, Латинска Америка и Африка, објаснува UNODC.