Поправени клупите во Соколански парк (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Клупите кои претходно беа оштетени во паркот кај Соколана, деновиве се целосно поправени, информираат од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.

Loading...

Искршените дрвени подлоги се заменети со нови, а станува збор за вкупно 50 оштетени клупи, од кои триесетина целосно.

-По оштетување на клупите во соколанскиот парк од страна на несовесни сторители, истите од страна на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово се поправени и повторно целосно ставени во употреба. Се надевам дека овој пат ке успееме да ги сочувме заедно со надлежните органи и граѓаните кои што живеат во овој дел од градот, вели директорот Даниел Стојчевски.

Клупите претходно беа оштетени од несовесни граѓани, кои преку ноќ првин извадија дрвени подлоги од неколку, а потоа од скоро сите.

Loading...

Општината информираше дека случајот е пријавен во полиција, но како и за останатите вандалски чинови во градот изминатите неколку месеци, Министерството за внатрешни работи се уште не достави информација за приведени лица.

Leave a Reply