Поплавен подрум на куќа во населбата Перо Чичо

Сподели со своите пријатели

Силното невреме и пороен дожд кои вчера попладне го зафатија кумановско не предизвикаа поголеми штети.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи до нив стигнала само една пријава од жител на улицата „Здравко Радичевиќ“ во населбата Перо Чичо дека подрумот од семејната куќа се поплавил при обилниот дожд.

За проблемот, како што велат од РЦУК, веднаш било известено одговорното лице од Општина Куманово.

Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ вчеравечер излегоа на терен и ги расчистуваа улиците кои не можејќи доволно брзо да ја апсорбираат атмосферската вода беа преплавени.

Во изминатите 24 часа на подрачјето на Куманово наврнале 35 литри дожд на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Leave a Reply