Попладневните часови носат дожд, грмежи и засилен ветер, среда носи температурен шок

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде малку до умерено облачно на североисток со услови за краткотраен дожд. Попладне ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека максималните дневни вредности ќе бидат во интервал од 17 до 29 степени целзиусови. Индексот на УВ зрачењето ќе биде ниско и ќе има вредност 6.

Што се однесува до Куманово и околината денес ќе имаме претежно облачно време, со кратки сончеви периоди и тоа во претпладневните часови. Веќе попладне не очекува нестабилност со дожд, грмежи и западен, односно југозападен ветер. Максималната температура ќе биде значително пониска и ќе изнесува само 20 степени целзиусови, а според порталот accuweather, Националната метеоролошка служба има издадено жолто предупредување за грмежи. Врнежите и грмотевиците нема да престанат и во вечерните часови кога температурата ќе падне до 12-от степен.

И утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Од среда под влијание на сува и многу топла воздушна маса ќе има нагло зголемување на температурите. За викендот највисоката темпаратура ќе достигне 40 степени на југоистокот од земјата.