ДИК го поништи гласањето во избирачкото место 1008 во населбата Карпош во Куманово, и поднесе барање за поведување на постапка до ЈО, откако претходно по службена должност одлучи да се изврши увид во гласачкиот материјал. Во изводите од гласачкиот список и записникот за сумирање на резултатите, ДИК утврди дека е сторена злоупотреба.
– Бројот на гласачи кои се потпишани во изводите од Избирачкиот список, значи кои гласале, не соодветствува со бројот на гласачи кои гласале во самиот записник од сумирање и утврдување на резултатите, изјави вчера портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска.
Поради тоа што бројот на гласачи запишани на ова избирачко место неможе да влијае на конечниот резултат, од ДИК соопштија дека истото нема да се повтори.