Понеделник неработен ден за православните граѓани

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот  за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 август 2017 година (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.