Полска: Подготвени сме за „нестандардни акции“ ако Берлин одбие да испрати тенкови

Сподели со своите пријатели

Заменик-министерот за надворешни работи на Полска, Павел Јаблонски, денеска изјави дека Варшава е подготвена да преземе „нестандардни“ акции доколку Германија се спротивстави на испраќање тенкови „Леопард“ во Украина, но не откри какви активности ќе преземат.

Loading...

„Мислам дека ако има силен отпор, ќе бидеме подготвени да преземеме дури и таква нестандардна акција… но да не ги предвидуваме фактите“, рече Јаблонски, одговарајќи на прашањето „дали испраќањето тенкови во Украина би било можно дури и ако Германија се спротивстави“.

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави во вторникот на форумот во Давос дека полските власти планираат да соберат меѓународна коалиција на земји кои поседуваат тенкови Леопард за да и предадат цела бригада од 100 од овие борбени возила на Украина.

Германија претходно во неколку наврати најави дека не планира да испрати тенкови Леопард во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.