Полска ќе бара од ЕУ компензација за тенковите што сака да ги испрати во Киев

Сподели со своите пријатели

Полска ќе побара од Европската унија компензација за тенковите Леопард 2 што има намера да ги испрати за помош на Украина, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Loading...

„Ќе аплицираме за надомест на трошоците во Европската унија, тоа ќе биде уште еден тест за добра волја“, рече Моравјецки.

Тој изрази очекување дека Германија брзо ќе одговори на барањето на Варшава Полска да испрати тенкови во Украина, но освен што не прецизираше кога ќе биде испратено ова барање, изјави дека Полска формира коалиција од земји подготвени да испратат германски тенкови, јави Танјуг.

„Германците одолговлекуваат, избегнувајќи го одговорот. Тие се однесуваат на начин кој е тешко разбирлив“, заклучи Моравиецки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.