Полска испрати барање до Германија за испорака на тенкови Леопард

Сподели со своите пријатели

Германија доби официјално полско барање за испорака на германски тенкови „Леопард“ во Украина, рече полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, а неговиот германски колега Борис Писториус ги охрабри земјите што ги имаат да почнат да ги обучуваат украинските војници на нив.

Loading...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека сојузничките земји на Украина кои поседуваат тешки тенкови Леопард можат да започнат со обука на украински војници за ракување со нив, иако Германија сè уште не дала формално одобрение за нивно доставување до Киев.

„Јас вербално ги охрабрив партнерските земји кои имаат тенкови Леопард подготвени за испорака да започнат со обука на украинските сили на тие тенкови“, рече Писториус на прес-конференцијата во Берлин, одржана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија наскоро ќе се продаваат само бели јајца

Германија, која мора да одобри каков било реекспорт на Леопард, досега се воздржуваше, стравувајќи дека тоа би можело да ја поттикне Москва да го ескалира конфликтот.

Владата во Киев сака тенковите Леопард 2 од германско производство, еден од најкористените западни тенкови, да и помогнат да ги пробие руските линии и да ја врати украинската територија под своја контрола.

Притисок врз Берлин

Под силен притисок од некои од своите сојузници, Берлин рече дека е подготвен да дејствува брзо доколку има консензус меѓу тие сојузници и посочи дека другите членки на НАТО допрва треба официјално да побараат дозвола за реекспорт на тенковите.

Членките на НАТО и на САД не успеаја да го убедат Берлин да дозволи леопардот да биде испратен во Украина на состанокот во Германија минатата недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија наскоро ќе се продаваат само бели јајца

Тешките и напредни тенкови како Леопард се моќно оружје што треба да им помогне на Украинците да се одбранат од руската офанзива, поради која Москва сака да ги подели украинските сојузници во НАТО и испраќа остри предупредувања дека тоа значи вовлекување на НАТО во конфликтот.

Loading...

„Земјите кои учествуваат, директно или индиректно, во испраќањето оружје во Украина и во подигнувањето на нејзиното технолошко ниво сносат одговорност (за продолжување на конфликтот), изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков рече дека „украинскиот народ е тој што ќе ја плати цената за сета таа псевдо-поддршка“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.