Полска и Украина се договорија за транзит на жито под надзор

Сподели со своите пријатели

Полска се договори со Украина за транзит на жито и прехранбени производи под надзор, рече полскиот министер за земјоделство, сигнализирајќи договор за пратките што ги намалија цените во Европа и ги налутија земјоделците.

Loading...

Полска, Унгарија и Словачка го забранија увозот на украински житарки за да ги заштитат домашните производители од евтина конкуренција, а и Варшава го забрани нивниот транзит.

Договорот стапува на сила во петок на полноќ

Во вторникот полскиот министер за земјоделство Роберт Телус изјави дека преговорите со Украина во Варшава донеле решение, објаснувајќи дека е договорен транзитот на украинското жито низ Полска, под печат и надзор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите го уништија еден од најголемите пазари во Европа (ВИДЕО)

Договорот ќе стапи на сила во петок на полноќ, изјави полскиот министер за развој Валдемар Буда.

„Бевме принудени да ја затвориме границата затоа што ЕУ ги затвора очите пред големите количини жито што пристигнува во Полска, но во исто време ги продолживме разговорите со Украина за можностите за транзит, со гаранција дека житото нема да заглави во Полска. И најдовме решение“, објасни Буда.

Првиот вицепремиер на Украина Јулија Свириденко изјави дека е убедена дека украинските извозници ќе ги почитуваат условите од договорот со Полска.

Сè уште не е јасно како другите земји кои го забранија увозот ќе реагираат на договорот, забележува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина тврди дека нападнала аеродром во руската област Краснодар и предизвикала пожар

ЕУ ги критикуваше членките за забраните, а амбасадорите треба да разговараат за тие мерки денеска, рече висок претставник на ЕУ.

Loading...

На почетокот на април премиерите на Словачка, Романија, Унгарија, Бугарија и Полска и пишаа на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, барајќи конкретни мерки во случајот со увозот на украински земјоделски производи.

Украина е меѓу најголемите извозници на жито во светот

Тие рекоа дека можеби е неопходно повторно да се воведат царини доколку увозот на жито и други производи од Украина не може да се запре со други средства.

Украина е еден од најголемите извозници на жито во светот, но руската инвазија го попречи нејзиниот извоз преку пристаништата на Црното Море.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рјабков: Преговорите со Америка не се неопходни по секоја цена

Минатата година, со посредство на ОН и Турција, беше постигнат договор за коридор за обезбедување на снабдување на земјите од Блискиот Исток и Африка, главни клиенти.

Дел од украинските пратки во меѓувреме беа пренасочени преку Полска и Романија, а некои таму го завршија патувањето.

Бидејќи се поевтини од родот на домашните земјоделци, тие вршат притисок врз цените и нивната продажба.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...