Полска е денешниот ракометен противник на Македонија

Сподели со своите пријатели

Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го игра вториот натпревар на Европското првенство, а за противник ќе го има домаќинот на првенството, односно селекцијата на Полска.

Полјаците, кои важеа за фаворити во дуелот против Србија, не прикажаа којзнае каква игра во првото коло, па мечот го добија минимално со еден гол разлика.

За разлика од домаќините, нашите ракометари одиграа одлични педесетина минути против олимпискиот, светски и европски шампион Франција, но како да немаа сили до крај да се изборат за изненадување до крај.

Доколку се повтори играта против „триколорите“, но овој пат во текот на сите шеесет минути, тогаш Македонија со право може да се надева да избори дури и победа, вели селекторот Ивица Обрван.

Досега Македонија во два наврати ја доби Полска на големите натпреварување.

Во 2009 година во Вараждин на СП во Хрватска, црвено-жолтите ја совлада Полска со 30-29. Три години подоцна на ЕП во Србија, во меч од втората рунда, Македонија славеше со 27-25.

Денешниот дуел во Краков меѓу Македонија и Полска ќе започне во 20 часот и 30 минути, а претходно во првиот меч од 2. коло на А групата од 18:15 часот ќе играат Србија и Франција.

Tабела: Франција 2 бода, Полска 2, Србија 0 и Македонија 0.

Инаку Македонската ракометна репрезентација заработи парична казна од ЕХФ во износ од 500 евра поради тоа што ракометарите на Македонија играле со различни чорапи на мечот против Франција.

извор: а1он.мк


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.