Полска донесе контроверзен закон за холокаустот, Израел со остри критики

Сподели со своите пријатели

Горниот дом на полскиот парламент, Сенатот, во текот на ноќта усвои измени на спорниот закон за Институтот за паметење на народите, кој претходно предизвика незадоволство во Израел.

Неопходно е претседателот на Полска, Анџеј Дуда да го потпиша законот и тој да стапи на сила.

Пратениците на долниот дом на парламентот, на 26. јануари, во очи Денот на сеќавањето на жртвите на Холокаустот, ги изгласале измените на законот.

Според законот, за кривично дело ќе се смета секое препишување на Полска и полскиот народ одговорноста за воените злосторства за време не Втората светска војна или соучество во Холокаустот. Прекрушавањето на законот носи казна до три години затвор.

Израел на чело со премиерот Бенјамин Натенјаху предупреди дека со тоа Полска ја спречува дебатата за оние поединци Полјаци за кои е докажано дека ги проногиле Евреите за време на Втората светска војна.