Половина век Обединети Арапски Емирати: Земја со висок стандард, нафта и трки со камили

Сподели со своите пријатели

На денешен ден во 1971 година, била основана федерација на Обединетите Арапски Емирати од шест емирати во Персискиот Залив, Абу Даби, Дубаи, Шарџа, Ајман, Ума Ал Каеда и Фуџаира, а Рас ал-Кајма се приклучи на Федерацијата во февруари 1972 година.

Loading...

Оваа блискоисточна земја, позната по своето големо нафтено богатство, е создадена со склучување на договор за формирање на федерација на Обединетите Арапски Емирати, кој стапи на сила пред точно 50 години.

Одлуката за формирање на унијата ја донеле владетелите на шесте емирати, неколку месеци порано – на 18 јули 1971 година.

Секој од овие седум емирати е управуван од владетел и сите заедно го формираат Сојузниот врховен совет. Еден од нив ја извршува и функцијата претседател на Обединетите Арапски Емирати.

 

 

Првата деценија од независноста беше обележана со борба меѓу двата најголеми емирати, Абу Даби и Дубаи, околу степенот на централизација.

Loading...

Во 1979 година беше постигнат договор за поделба на највисоките позиции во државата. Според него, функцијата претседател му припаѓала на емирот на Абу Даби, а премиерот – на емирот од Дубаи.

Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетелот на Дубаи, е познат по тоа што го „преобрази“ Дубаи во голема деловна и туристичка дестинација.

Од друга страна, една од неговите ќерки, принцезата Латифа, стана позната на јавноста откако Би-Би-Си дошла до нејзина тајна снимка од заробеништво и ја објавила.

Латифа ги правела овие снимки додека, по наредба на нејзиниот татко, била чувана во вила со решетки на прозорците во Дубаи.

Дубаи е најнаселен емират, со 35,6 отсто од населението во земјата, додека Абу Даби има најголема површина.

 

 

Loading...

Емиратите се најразновидна земја на Блискиот Исток, барем кога станува збор за населението – високиот животен стандард и добрите можности за вработување со години привлекуваат голем број мигранти, првенствено од Азија, а најмногу од Индија и Пакистан.

Официјална религија е исламот, а официјален јазик е арапскиот.

Резервите на нафта во Емиратите се шести по големина во светот, додека тие се на седмо место според резервите на природен гас. Но, во претходните години државата се повеќе финансиски се потпираше на туризмот, а се помалку на нафта и гас.

Денес, Обединетите Арапски Емирати се сметаат за најразвиена земја на Арапскиот Полуостров.

Владата на Обединетите Арапски Емирати инвестира големи финансиски средства во зачувување на културата и традицијата.Сепак, Емиратите се сметаат за земја толерантна кон другите религии, а многу е лесно да се најде црква.

 

 

Loading...

Поради големиот број имигранти од странство, пред се од Азија, изградени се голем број ресторани и културни центри на овие земји.

Покрај традиционалниот спорт – трките со камили, населението сака голф и коњски трки.

Секој март во Дубаи се одржува голема трка со коњи на која првата награда е шест милиони долари.

Обединетите Арапски Емирати се членка на Обединетите нации, Арапската лига, Организацијата за исламска соработка, Организацијата на земјите извознички на нафта (OREC), Движењето на неврзаните и Советот за соработка во Заливот.