Половина од работниците во светот имаат плата доволна само за основни трошоци

Сподели со своите пријатели

Речиси половина од работниците во светот се платени само за да ги покријат основните трошоци, а четвртина од нив очекуваат да ја сменат работата, покажува истражувањето на консултантската компанија PwC.

Loading...

Четиринаесет отсто од работниците имаат потешкотии да ги платат сметките од месец во месец, а уште 42 отсто од нив ги покриваат само основните трошоци со својата плата, открива PwC.

Една петтина од испитаниците имаат и дополнителна работа.

И покрај стравот од рецесија и поголема невработеност во некои делови од светот, 26 отсто од испитаниците изјавиле дека најверојатно ќе ја сменат работата во следните 12 месеци, а нивниот удел е поголем кај младите, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Речиси 42 отсто од вработените планираат да побараат поголема плата за да се справат со повисоките трошоци за живот.

Постојана економска несигурност

„Со континуирана економска несигурност, гледаме глобална работна сила која сака поголема плата и повеќе значење во нивната работа“, рече Бушан Сети, заеднички глобален шеф на практиката на луѓе и организации на PwC.

Меѓу анкетираните работници во подобра финансиска состојба, повеќе од една третина од нив веруваат дека вештачката интелигенција ќе ја подобри нивната продуктивност, а една четвртина очекува таа да отвори нови можности за работа.

Помладите работници очекуваат позитивно влијание на вештачката интелигенција врз нивните кариери во следните пет години, покажа истражувањето.

Loading...

За истражувачки цели, PwC анкетираше 54.000 работници од 46 земји ширум светот.