Политичкото рекламирање во Индија на повисоко ниво, само да не видат и нашите! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Изборите во индиската држава Утар Прад во последните денови кренаа голема прашина на интернет.

Loading...

Причината за тоа е што некои политички кандидати користат кучиња скитници како подвижни реклами, поточно, тие лепат и закачуваат рекламни постери на нив и ги оставаат да шетаат по улиците така.

Досега се забележани реклами за најмалку двајца кандидати, по еден од провинциите Рае Барели и Балиа. Фотографиите кои кружат на интернет ги налутија активистите за заштита на правата на животните, но еден од двајцата кандидати не се сомнева во неговата одлука.

– Нема забрана за употреба на кучиња скитници во кампањата. Ние не им штетиме или ги злоупотребуваме на кој било начин. Всушност, ние ги храниме секој ден. Тоа е благородна идеја и на гласачите им се допаѓаат ваквите новини – рече кандидатот.

 


– Како би се чувствувал човекот ако за време на изборната кампања му залепиме плакати на лицето? Само затоа што животното не може да се жали, не значи дека треба да се однесуваме така. Полицијата треба веднаш да реагира на такви работи – одговори активистката Рена Мишра.

Само се надеваме дека ова нема да го земат за пример и нашите политичари, со оглед колку кучиња скитници имаме.

Leave a Reply