Полициски час од 20 часот, забрана за гости во угостителски објекти

Сподели со своите пријатели

Забрана за движење на територијата на целата држава започнува утре во 20 часот и ќе трае до 5 часот следниот ден се до 20 април 2021 година, ова е најновата одлука на Владата која предмалку на прес конференција ја соопшти премиерот Зоран Заев.

Loading...

Сите угостителски објекти ќе можат да работат само со достава и нарачки, но гости не смеат да примаат.

– Целосна забраната за посетители и гости во кафетерии, ресторани, барови и клуови и други објекти кои во склоп на истиот кои даваат угостителски услуги, хотели, мотели, хостели и други објекти за сметување, безнински станици, а оние кои вршат подготовка и продажба на храна можат да продаваат онлајн и со телефонски нарачки и сите заедно да вршат достава или да овзоможуваат самостојно подигнуваљње на нарачката почнувајќи од 7ми април среда до 20 април 2021 година, рече премиерот Заев.

Исклучок од ова се угостителски објекти на аеродромите во Скопје и Охрид и угостителски објекти во сместувачки капацитети, хотел, мотел, хостел, пансион и други објекти за лица сместени во овие ојекти.

Се воведува и целосна забрана за гости во угостителскиот дел на обложувалниците.

– Целосна забрана за гости во сите обложувалници односно приемот на посетитлеи и работа на обложувалниците исклучиво на шалтерска услуга, пунк, односно угостителскиот објект во обложувалниците и казината да биде затворен за псоеттели од 7ми април среда до 20 април 2021, информираше премиерот.

Од утре се воведува и целосна забрана за сите вежбални, фитнес клубови и сали.

Се забранува организирање, одржување и присуство на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви конференции и други настани од ваков вид од вторник до 20 април.

Loading...

На граѓаните кои извршиле имунизација во центрите за вакцина за временски период непосредно пред почнување на забраната и посебен режим на движење им се дозволува враќање на живеалишта врз основа на потврда од вакцинацијата.

На земјоделците им се овозможува движење врз основа на дозволи од подрачни единиц на пазари и ниви.

За време на забараната и посебен ржеим на движење сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување со куче може да ги изнесуваат надвор од вечерните часови во времетраење од 1 час од 22 до 23 часот најмногу 100 метри од објектот каде ќивеат.

Останува на сила строгата забрана за групирање на повеќе од 4 граѓани.

Како што рече премиерот, најновите тенденции покажуваат дека бранот зема замав поради британскиот сој на коронавирусот, а мерките се неопходни во пресрет на затоплување на времето и претстојните големи празници.

– Веднаш по предчувањето на министерот за здравство и претседателот на Комисијата за заразни болести и во пресрет на затоплувањето и големите празници, а согласно потребата да ги одмориме здравствените работници донесовме одлука за нови рестриктивни мерки, рече Заев.

Сите мерки ќе важат до 20 април 2021 година.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply