Полициска акција во Куманово: Се бараат нови лица поврзани со настаните на 9 мај

Сподели со своите пријатели

Нова полициска акција за апсење на помагачи на терористичкиот напад на 9 мај во Куманово се одвива од утринава во населбата Диво Насеље, откако според неофицијални извори, полицијата во 5 часот наутро навлегла во населбата, поточно во куќата на Риза Јонузи ака Лаку, тврди порталот Љајм.

Loading...

Според порталот, жителите на Диво насеље се исплашени пред налетот на полицијата, земајќи ги во предвид немилите сцени на 9 и 10 мај. Тие се загрижени зошто акцијата се презема во моментот кога преговорите од Пржино пропаднаа и зошто сега, кога полицијата можеше тоа да го стори и порано.

Засега нема потврдени информации од МВР за тоа што точно се случува во Диво Насеље и кој е следната цел за приведување поради сомневања за помагање на терористичкиот акт во Куманово.

Неодамна, полицијата под исто сомневање, приведе неколку лица од Липково и Арачиново.

Инаку, Риза Јонузи е лицето кое пред настаните од 9 мај, ја продал куќата од која на 9 мај започнаа првите борби со полицијата. Риза Јонузи по настаните на 9 мај се јави на социјалната мрежа Фејсбук, објаснувајќи дека тој не е поврзан со нападот во Диво Насеље.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.