Полицијата затвори угостителски објект во Куманово

Сподели со своите пријатели

На 31.01.2021 година во 21.30 часот полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект на улица Ленинова во Куманово.

Loading...

При контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти,а во објектот биле затекнати осум лица-гости,пет вработени и сопственикот М.С (34).

Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен. По целосно документирање на случајот,против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик-,, Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Leave a Reply