Loading...
Кумановската полиција викендов затворила објект лоциран на булеварот „Октомвриска револуција“, откако по дозволеното работно време биле затекнати двајца гости.
– На 06.03.2021 година во 21.30 часот,при контрола на угостителски објекти,полициски службеници од СВР Куманово констатирале дека угостителски објект на улицата “Октомвриска револуција” работи по дозволеното време, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Во објектот, како што додаваат од полицијата, биле затекнати двајца гости, поради што на сопственикот на угостителскиот објект ќе му биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски