Полицијата во филмска бркотница со криумчар на мигранти во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Филмска бркотница вчера се случувала на улиците низ Куманово откако полицијата започнала потера по осомничен криумчар на мигранти.

Loading...

– На 27.08.2023 во 17.50 часот во Куманово на место викано „Света Мина“ од полициски службеници од Mобилната единица при Одделот за гранични работи и миграции е лишен од слобода М.А. (28) од село Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, тој управувајќи возило „ауди“ на автопатот Е-75 не застанал на даден знак за запирање на возилото од полициските службеници и се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности, бил сопрен и лишен од слобода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бранителот Бобан Трајковски доби мурал во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Сирија.

– За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.

Од полицијата објавија и видео од бркотницата.

 

Loading...

Никола Ивановски