Полицијата растури собир во простории на месна заедница во Куманово

Сподели со своите пријатели

Полицијата вчера околу 18:50 часот растурила собир на повеќе лица во простории на месната заедница во населбата Железничка станица во Куманово, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

– На 12.01.2021 година во 18.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во бараката на Месната заедница во нас.Железничка Станица во Куманово има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија, информираат од полицијата.

Како што појаснуваат од СВР Куманово, полициски службеници излегле на местото и во бараката биле затекнати шест лица со што било утврдено дека се работи за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply