Полицијата откри нов случај на криумчарење на осум Мароканци

Loading...
Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден, во 13,20 часот од страна на полициска патрола од ПС за ГП и ГН – Богородица и ПС од Р.Словенија во реонот на с.Црничани – Брана Паљурци, било забележано сомнително движење на ПМВ “БМВ“ со скопски регистерски ознаки.

Полициската патрола се упатила по него, по што возачот го сопрел возилото кај раскрсницата Богданци – Валандово – Дојран и избегал.

При проверката, било утврдено дека во возилото се наоѓаат осум илегални мигранти од Мароко.

Увид на местото на настанот извршила екипа увидна екипа од ПС-Гевгелија. По наредба на ОЈО мигрантите биле предадени во ПТЦ-Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото.