Полицијата откри криумчарење на 14 мигранти кај село Речица

Сподели со своите пријатели

Како што јавува СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден, поточно во 06,45 часот  од страна на полициски службеници од ПС Сопот, од правец на с.Речица и с.Ваксинце било забележано како од ПМВ „Мерцедес“ со скопски ознаки излегуваат група мигранти кои веднаш почнале да бегаат.

Од страна на полициски службеници биле приведени 14 мигранти, кои по извршениот разговор изјавиле дека за одреден паричен надоместок биле превезени со возилото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и  возилото.

Со потврда за предавање на лица, седум мигранти се предадени на ОИМПК за понатамошна постапка, а останатите седум мигранти околу 13,00 часот се однесени и сместени во ТЦ Табановце.