Полицијата напиша 52 казни и одзеде три мотори вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Полицијата вчера во Куманово напишала вкупно 52 казни на мотоциклисти, а одзела и три мотори.

Loading...

– Во текот на вчерашниот ден (03.07.2022) во периодот од 18.00 до 24.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 52 возачи, информираат од Сектторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, од вкупно изречените казни, 41 возач не користел заштитна кацига за време на возење, осум возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли, посочуваат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.