Полицијата и инспекторите на УЈП со драконски казни за неколку објекти низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Изминатиот викенд, поточно во сабота полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово во содејство со инспектори од Државниот иснпекторат при Управата за јавни приходи спровеле акциска контрола низ повеќе објекти низ Куманово, каок што се кафе бар, спортска обложувалница изаавтомат клуб сите лоцирани на подрачјето на Општина Куманово, информираат денес од Министерството за внатрешни работи.

При извршената контрола во кафе барот затекнато било лцие државјанин на Соединетите Американски Држави кој нема регулиран престој во Република Македонија и истиот веднаш бил приведен во СВР Куманово и за понатамошна постапка предаден бил на дежурен инспектор по странци.

Во кафе барот легитимирани биле вкупно 11 лица и од страна на иснпекторите не биле констатирани други недостатоци.

Од извршена контрола во спортската обложувалница на едно лице му била изречена глоба за прекршок по основ на Закон за лични карти; на едно лице за прекршок по основ на Закон за заштита од пушење, а од страна на Државен пазарен инспекторат составен бил и Записник и издадена е глоба од 2,000 – 4,000 евра на правно лице по Закон за заштита од пушење.

Од страна на Управата за јавни приходи по извршена контрола составен бил уште еден Записник и биле констатирани прекршоци казниви по член 157 став 1 точка 10 , 13 и 15 од закон за игри на среќа и при тоа била издадена глоба во висина од 15,000 евра (3 х 5,000 еур) како и глоба во висина од 30% на одговорно лице во правно лице. Исто така, констатирано е дека двата компјутери кои што се користат во обложувалницата немаат
лиценциран софтвер на „Windows“ при што истите биле одзмени и против правното лице и управителот на правното лицеТ.К. (46 години) од Кочани поднесена била кривична пријава за сторено кривично дело „Повреда на право од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“.

Од извршена контрола во автомат клуб на четири лица изрекнати им биле глоби за прекршок по основ на Закон за лични карти. На истите лица по основ на Закон за заштита од пушење исто така им биле изречени казни, додека од страна на Државен пазарен инспекторат составен бил и Записник и издадена  глоба од 2,000 – 4,000 евра на правно лице од Закон за заштита од пушење. Од странана Управата за јавни приходи по извршена контрола не биле констатирани недостатоци,  а констатирано било дека од 3 компјутери кои што се користат во автомат клубот еден има, додека за другите два во моментот неможе да се утврди дали поседуваат лиценциран софтвер на „Windows“ за што со писмено известување ќе биде известено ОЈО Куманово, стои во соопштението кое денес го испрати Министерството за внатрешни работи.