Полицијата го уби напаѓачот кој синоќа во Брисел уби две лица

Сподели со своите пријатели

Белгиската полиција денеска го лоцираше и ликвидира вооружениот напаѓач кој во понеделникот уби двајца шведски државјани во Брисел, изјави градоначалникот на белгиската престолнина Филип Клоус за ТВ БФМ.

Loading...

„Се чини дека осомничениот навистина е неутрализиран“, рече Клосе по известувањето за операцијата во бриселската општина Шарбек, според Ројтерс.

Министерката за внатрешни работи Анелизе Верлинден за белгиските медиуми изјави дека кај „неутрализирано лице“ било пронајдено автоматско оружје, исто како и употребеното при синоќешниот напад.

Белгискиот портал „Brussels Today“ објави дека полицијата добила дојава дека осомничениот се наоѓа во кафуле, а кога пристигнале на местото дошло до вкрстен оган во кој полицијата успеала да го елиминира осомничениот.

Вооружениот напаѓач од Тунис (45) уби двајца и рани трет шведски државјанин во, како што премиерот Александре де Кроа го нарече брутален терористички напад.

Во Брисел е прогласена највисока безбедносна тревога со зголемено полициско присуство, особено за шведските граѓани и државните институции, а властите ја предупредија јавноста да биде особено внимателна и да избегнува непотребни патувања.