Полицајка имала секс афера со шест колеги поради што добила отказ

Сподели со своите пријатели

Американската полицајка Меган Хол, која јавно се пофали со своите авантури откако доби отказ, вели дека само сака да продолжи со својот живот.

Loading...

Меган Хол од Тенеси добила отказ откако истрагата покажа дека имала сексуални односи со најмалку шест соработници.

– Не сакам да зборувам за тоа. Ќе продолжам да го живеам својот живот, изјавила за Daily Mail омажената полицајка Меган Хол од Тенеси.

Таа добила отказ откако истрагата покажала дека имала сексуални односи со најмалку шест колеги.

Според Дејли Мејл, нејзините оргии со колегите се случувале во хотели, во домови на полицајците и на брод.

Полицајката меѓу другото на колегите им праќала експлицитни фотографии, на полициската забава ги покажала градите во џакузито, а со неколку од нив имала и односи.

Во неколку наврати го поканила нејзиниот сопруг Џедиди да им се придружи, но тој одбил.

Некои колеги забележале и дека полицајката е склона кон алкохол и изразиле страв за нејзиното психичко здравје.

Loading...

Нејзиниот сопруг сепак вели дека ќе остане со сопругата за да се обиде да ги реши проблемите и да го спаси бракот.