Полицајци се забавувале во Куклица, ги приведе ЕБР

Сподели со своите пријатели

Група полициски службеници вчера биле приведени во кратовското село Куклица, откако среде епидемија со гласна музика се забавувале на викендица, пишува порталот А1он.

Loading...

Според порталот, приведени биле седум вработени лица во МВР, а ги пријавиле жителите од селото.

Со полицајците имало и цивили, но бидејќи давале отпор при нивното приведување на терен излегла Единицата за брзо распоредување и со лисици на рацете завршиле во кратовската полициска станица.

Извор: А1он.мк

Leave a Reply