Полицајци раниле 21-годишник од Ваксинце кој шверцувал мигранти

Сподели со своите пријатели

Рано утринава околу 04.15 часот на автопат Гевгелија–Скопје, од наплатна рампа „Градско“, полициски службеници следеле патничко моторно возило марка „Голф 3“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М. (21) од село Ваксинце, а во кое имало 10 мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи..

На наплатната рампа „Отовица“ С.М. го напуштил патничкото моторно возило и се дал во бегство, по што полициските службеници тргнале по него и искукале еден куршум за заплашување, при што го погодиле С.М. во пределот на левото рамо. С.М. бил пренесен во Медицински центар Велес и по укажана лекарска помош, истиот е задржан во СВР Велес.

Увид на местото на настанот ќе се изврши во текот на денешниот ден.