Поголема излезност во Куманово од минатите избори

Сподели со своите пријатели

Значително поголема е излезноста во Куманово во споредба со последните претседателски избори од 2019 година.

Loading...

Заклучно 17 часот денеска, според обработените податоци на Државната изборна комисија, во Куманово правото на глас го искористиле 40,98 отсто од гласачите.

Во истиот период на изборите од 2019 година, таа излезност била 30,82% и до претпоследниот пресек во 18:30 часот не надминала 40%.

Слична е состојбата и во Старо Нагоричане. Таму денеска до 17 часот гласале 44,43 отсто од гласачите.

На изборите во 2019 година, во оваа рурална општина заклучно 17 часот избирачкото право го оствариле 33,21 отсто од гласачите.

Во Липково дури двојно е поголема излезноста на овие претседателски избори. Ако во 2019 година до 17 часот гласале само 13,55 отсто од гласачите, денеска тоа го сториле 32,01 процент.

Без разлика уште колку граѓани ќе гласаат до 19 часот кога се затвораат избирачките места, веќе е јасно дека овие избори ќе имаат поголема излезност.

Никола Ивановски

Loading...