Погодена руска воена база, соборен дрон во близина на Москва

Сподели со своите пријатели

Русија извести за нов напад со дрон врз Москва во раните утрински часови денеска, додека ГУР објави дека украинско беспилотно летало вчера удрило руска воена база длабоко во анектираниот Крим.

Loading...

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека дронот бил соборен од противвоздушни одбранбени системи над областа Истра во московската област.

Трите главни аеродроми во Москва, Шереметјево, Домодедово и Внуково, потоа ги прекинаа летовите, јави новинската агенција ТАСС.

Украинската воена разузнавачка агенција ГУР објави дека украинско беспилотно летало удрило во руска воена база длабоко во анектираниот Крим, додека жителите пријавиле жртви, експлозии и затворања на патишта.

Украинците: Ја нападнавме 126-та одбранбена бригада

Русија извести за еден од најголемите координирани украински воздушни напади до сега на територијата контролирана од Русија, но рече дека системите за противвоздушна одбрана ги собориле сите 42 беспилотни летала кои го напаѓале Крим пред да можат да ги погодат своите цели.

Украинските разузнавачи изјавија дека нападот ја погодил руската 126-та крајбрежна одбранбена бригада со седиште во Перевалној, град на повеќе од 200 километри од територијата под контрола на Украина.

Шефот на украинските шпиони: Нашата победа е блиску

„Луѓето, не само на украинското копно, туку и на Крим, мора да се сеќаваат и да веруваат дека нашата победа и нивното ослободување не се далеку“, изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов.

Жителите на Перевалној известија дека слушнале експлозии од воената база и ги именувале жртвите.

Loading...

„Две лица загинаа на стрелиштето, едното е пренесено во болница во тешка состојба. Ова се информации одозгора, од стрелиштето”, рекол корисникот со прекар Абдул Хас, на чија профилна фотографија е човек во маскирна униформа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.