Погледнете што би ве очекувало доколку навистина би отишле на Марс (видео)

Сподели со своите пријатели

Астронаутите кои за некоја година ќе тргнат на Марс ќе мора да бидат неверојатно издржливи во секоја смисла на зборот, како психички, така и физички.

Loading...

По тој повод, во Русија е симулиран патот до Марс во траење од 520 дена, а шест луѓе тој период го минале во еден објект кој бил под притисок. Експериментот е наречен „Марс 500“, а целта била да се утврди колкав период луѓето можат да издржав во изолација и притвор.

Резултатите и не се баш најдобри. Имено, по 18 месе, екипажот кој учествувал во експериментот поради хроничен стрес добиле намалена мозочна активност.

Покрај тоа што се затворени во леталото, астронаутите ќе мора да се справат и со чудни вселенски феномени.

Еден од нив е гледањето на светлосните одблесоци, дури и кога нивните очи се затворени.

Овој феномен настанува во моментот кога космичките зраци кои поминуваат низ очите на астронаутите и се поигруваат со нивниот оптички нерв, што за резултат има тие да мислат дека виделе светли точки кои всушност не постојат.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.