Поетско матине по повод 18. роденден на македонскиот КИЦ во Софија

Сподели со своите пријатели

Денеска на 27-ми април во КИЦ на РСМ во Софија по повод 18-тиот роденден се одржа поетско матине.

Loading...

Делегација на ДПМ предводена од претседателот Христо Петрески, претседателката на Собранието на ДПМ Кристина Николовска и членот на претседателството на ДПМ Бранко Цветковски читаа своја поезија.

Преводот на бугарски јазик го читаше Георги Георгиев-Антика, кој изведе и популарна македонска музика на пијано. Беа присутни познати бугарски поети и пријатели на КИЦ-от а настанот го отвори директорот на КИЦ на РСМ во Софија, д-р Сашко Насев.

 

 

Како гостин на настанот бугарската поетеса Маја Манолова прочита своја песна посветена на Скопје, а Кристина Николовска имаше краток перформанс на пијано.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цената за регистрација на автомобилите ќе остане иста

На ова поетско матине можеа да се сретнат поетите Димитар Христов, Антон Баев, Тања Попова, режисерите Дарко Милошовски, Владлен Александров, сликарите Маријан Ѕин, Иво Пецов, музичарите Султана Марковска, Манол Михајлов, издавачот Пламен Тотев и други гости.

Loading...

Во овој исклучителен амбиент, ова матине помина како најблагороден уметнички настан на КИЦ на РСМ.