Подољак: Секоја отстапка е капитулација и тоа нема да го дозволиме!

Сподели со своите пријатели

Советникот на претседателот на Украина, Михаило Подољак, се изјасни против привременото примирје на фронтот, велејќи дека тоа само ќе доведе до нова фаза на непријателства.

Loading...

Секакви отстапки се капитулантски и тоа нема да го дозволиме во никој случај.

Привременото примирје ќе доведе само до следната фаза од војната во Украина, напиша Подољак на својот канал Телеграм, пренесува Тас.

Претходно, швајцарскиот весник Ноје Цирихер Цајтунг, повикувајќи се на извори, објави дека американскиот претседател Џо Бајден му наредил на шефот на ЦИА да открие дали Русија и Украина се подготвени за преговори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пука икраинската одбрана околу Покровск. „Ова е пекол“

Според весникот, САД ѝ понудиле на Украина да отстапи 20 отсто од нејзината територија во замена за мир, но таа опција наводно не ѝ одговарала ниту на Москва ниту на Киев.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков негираше дека САД предложиле план кој предвидува територијални отстапки за Украина во замена за мир.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.