Подољак: Русија истрела 120 проектили кон Украина

Сподели со своите пријатели

Советникот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, денеска соопшти дека Украина и критичната инфраструктура на земјата биле погодени од 120 ракети истрелани од руските сили синоќа.

Loading...

„Синоќа 120 ракети прелетаа над Украина, лансирани од „злобниот руски свет“ за уништување на критичната инфраструктура и убивање цивили. Очекуваме дополнителни предлози од „мировниците“ на Руската Федерација за мирно решение“, напиша Подољак на Твитер.

Советникот на претседателскиот кабинет, Алексеј Арестович, на Фејсбук напиша дека повеќе од 100 проектили ја погодиле Украина во неколку бранови, а алармите за воздушен напад се слушаат низ целата земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.