Подољак до Русија: Реалноста може да боли

Сподели со своите пријатели

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ја коментираше руската евакуација на цивили од Херсон и украинскиот контранапад врз тој окупиран регион, предупредувајќи ја Русија дека „реалноста може да боли“.

Loading...

Да потсетиме, Херсон е најнаселениот град окупиран од Русија од почетокот на инвазијата и е главен град на истоимениот регион, кој рускиот претседател Владимир Путин неодамна го прогласи за дел од руската територија.

Руската анексија на Херсон и три други украински региони (Донецк, Луганск, Запорожје) не е призната од речиси ниту една земја во светот, вклучително и Украина.

„Реалноста може да боли ако живееш во имагинарен свет“

„Помина помалку од еден месец од помпезното објавување на анексијата на Херсон и концертот на Црвениот плоштад во Москва, а сега самопрогласениот лидер на Херсон церемонијално ја започна евакуацијата на цивилите во очекување на украинската правда. Реалноста може да боли ако живеете во имагинарен свет на фантазија“, објави Подољак на Твитер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Белорусија преместува воена опрема, Украинците стравуваат од нови руски напади

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.